Betül Yürük
12 Август 2018•Ажурирај: 03 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Секој ден од страна на полицијата во Соединетите Американски Држави (САД), во просек се застрелани три лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според статистиките на Американската асоцијација за јавно здравје, во САД секоја година со огнено оружје од страна на полицијата, погодени се над илјада лица.
Во ова истражување се вели дека секој ден од страна на полицијата, во просек се застрелани три лица, и дека полицијата е виновна за 8 отсто од смртните случаи кај мажите кои се жртви на убиство.
Се наведува дека смртните случаи предизвикани од страна на полицајците се двапати поголеми од она што е наведено во официјалните податоци, и дека бројот на црномурестите мажи, застрелани од страна на полицијата е околу трипати поголем во споредба со белците.