Ekip
29 Август 2021•Ажурирај: 30 Август 2021
ГАЗА
Египетските власти повторно го отворија граничниот премин „Рафа“ со Појасот Газа во двете насоки, известува Агенција Анадолија (АА).
Патниците се собраа уште рано утрото за да влезат или излезат од Појасот Газа, информираше новинарот на АА.
Египетските власти минатата недела го затворија граничниот премин во двете насоки, откако беше отворен два дена во еден правец, за да им се овозможи на патниците да влезат во палестинското подрачје.
Граничниот премин „Рафа“ е единствениот излез на Палестинците од Газа кон надворешниот свет, што не е под контрола на Израел.