Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Hilal Karyağdı
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ГАЗА (АА) - Египетските власти за наредните три дена го отворија преминот Рефа на границата со Газа, за движење во двете насоки, јавува Anadolu Agency (AA).
Граничниот премин е отворен за исклучителни околности. Цивилите кои чекаат на границата ги завршија подготовките за премин на египетската страна.
Египет од воениот удар на 3 јули 2013 година го држи преминот Рефа затворен, а го отвора само неколкупати годишно.
Израел има контрола врз шест од седумте гранични премини кои Египет ги има со Појасот Газа.