Fuat Kabakçı
28 Април 2018•Ажурирај: 29 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Повеќе од 1.200 фирми од 14 земји учествуваат на Меѓународниот саем на автомобили во Пекинг, јавува Anadolu Agency (AA)
Саемот се одржува на околу 220.000 метри квадратни, а покрај големиот број нови футуристички модели на кинески произведувачи, изложени се и голем број странски брендови.
Активностите на Саемот траат од 25 април до 4 мај, а граѓаните со последните случувања во автомобилската индустрија ќе можат да се сретнат од утре - 29 април.