Ali H. M.Abo Rezeg
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
КАИРО (АА) - Судот во Египет денеска изрече казни доживотен затвор за девет лица обвинети за насилство и поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Кривичниот суд во Гиза осуди девет лица на доживотен затвор, меѓу кои и две лица на кои им се судеше во отсуство“, изјави адвокатот на одбраната Исмаил ал Рашиди за АА.
Уште двајца обвинети беа осудени на пет години затвор, а тројца обвинети беа ослободени поради недостиг на докази.
Истиот извор наведе дека осудените лица имаат право да поднесат жалба.
Египет е средиште на постојана криза и превирања од летото 2013 година, кога со воен удар беше соборен првиот демократски избран египетски претседател Мухамед Морси.
Во текот на изминатите пет години, стотици лица беа осудени на смртна казна или казна доживотен затвор поради насилство за време на протестите организирани како знак на отпор кон пучистите.