Emre Gürkan Abay
07 Мај 2018•Ажурирај: 08 Мај 2018
МОСКВА (АA) - Рускиот претседател Владимир Путин повторно го назначи Дмитриј Медведев за мандатар за состав на новата влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин денеска положи свечена заклетва и го започна новиот мандат на чело на Русија, а од неговиот Кабинет во Кремљ беше соопштено дека веднаш по инаугурацијата до Долниот дом на рускиот Парламент, Думата, бил доставен предлог со името на новиот премиер.
Почетокот на новиот мандат на претседателот на Русија автоматски значи распуштање на претходниот владин кабинет.
Путин, како нов-стар претседател, повторно одлучи неговиот најблизок соработник Медведев да биде мандатар за состав на идната влада.
Медведев е на чело на руската Влада од мај 2012 година.