Zeynep Hilal Karyağdı
12 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Министерот за надворешни работи на Египет, Самих Шукри, истакна дека неговата земја сака да воспостави врски со Турција, во согласност со правилата на меѓународното право и дијалогот, што ќе бидат во корист на двете страни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Шукри даде изјава за локална телевизија во врска со телефонскиот разговор со шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу.
Според него, поздравени се изјавите и гестовите направени од страна на Турција во последниот период.
Тој рече дека е важно што од процес на политички показатели е преминато во процес на политичка експанзија што ја определува рамката на односите.
Шукри нагласи дека со Чавушоглу разговарале за да упатат честитки по повод почетокот на месецот на постот Рамазан.
Како што рече тој, разговорот е реализиран врз основа на изјавите и сигналите што ги дала Турција во врска со важноста на Египет.
„Египет сака да се воспостават врски во согласност со правилата на меѓународното право, без да им се наштети на интересите и дијалогот, што ќе бидат во корист на двете страни“, рече тој.
Инаку, Чавушоглу на 10 април оствари телефонски разговор со Шукри со цел упатување честитки по повод месецот на постот Рамазан.