Aydoğan Kalabalık
21 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
КАИРО (АА) - Египет по четири години ја одобри првата испорака на гориво за Газа преку граничниот премин Рафа, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани официјални лица од полицијата на Египет јавуваат дека египетските власти постигнале договор со палестинските официјални лица и го одобриле извозот на гориво во Газа.
Станува збор за милион литри гориво што ќе се користат за потребите на електраната во Газа, која уште во април ја запре работата поради недостаток на гориво.
Ова е прва испорака на гориво од Египет во Газа, откако со воен удар беше воспоставена актуелната власт на Египет, на почетокот на јули 2013 година.
Делегациите на Египет и на Хамас во Каиро, на почетокот од овој месец договорија да се ублажи блокадата на Појасот Газа и да започнат активностите за отворање на дополнителен граничен премин на границата.