Murat Ünlü
21 Јуни 2017•Ажурирај: 21 Јуни 2017
ПАРИЗ (АА) - Во две третини од градовите во Франција е прогласен портокалов аларм поради високите температури, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот Метеоролошки завод соопшти дека е прогласен портокалов аларм во 66 од вкупно 95 градови во Франција, вклучувајќи го и Париз.
Денес во некои места е измерена температура од 38 степени. Се очекува ваквите услови да потраат до четврток, додека во некои места се очекува температурата да се искачи и до 40 степени.
Поради вискоите температури што ги погодија западните и јужните области на Франција, француската Влада презеде мерки за заштита на децата во детските градинки и училишта.
Денес во Париз е измерена температура од 35 степени.
Во Франција, каде што е побројна старата популација, често се забележува смрт кај постарите лица поради високите температури.