Muhammet Kurşun
18 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
ТЕХЕРАН
Во иранската покраина Илам, сместена во западниот дел на земјата експлодираше мина останата од иранско-ирачката војна. Во експлозијата животот го загубија 3 лица, а едно лице е рането, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави иранската државна телевизија, во местото Мехран во провинцијата Илам на границата со Ирак, во појасот Исламије експлодираше мина останата од иранско-ирачката војна.
Од експлозијата на мината загинаа 3 лица, а едно лице е рането.
На 22 септември 1980 година започна војната меѓу Иран и Ирак, која со одлуката број 598 на Советот за безбедност на Обединетите нации заврши на 20 август 1988 година. Мините поставени во граничните подрачја за време на војната се уште се причина за смртта и ранувањето на голем број лица и во двете земји.