Sayed Khodaberdi Sadat
11 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
КАБУЛ
Во јужниот дел на Авганистан, во градот Данд, сместен во подрачјето на провинцијата Кандахар, се случи експлозија во која животот го загубија 6 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставниците на полицијата соопштија дека во градот Данд експлодирала бомба поставена покрај патот во моментот кога минувало возило со кое се превезувале цивили.
Тие информираа дека во експлозијата животот го загубиле 6 цивили.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.