Can Erözden
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
КИШИНЕВ (АА) - Молдавскиот претседател Игор Додон денеска ги откажа предвремените избори, со што продолжува политичката криза во поранешната советска држава, јавува Anadolu Agency (AA).
Додон на новинарите им изјави дека го откажал декретот на новоназначениот привремен претседател Павел Филип за распуштање на Парламентот и распишување предвремени избори на 6 септември, бидејќи потегот бил неуставен.
Најсиромашната земја во Европа е без влада од изборите во февруари. Но минатата недела проевропските и промосковските блокови успеаја да формираат коалициска Влада, во очигледен потег за уништување на олигархијата предводена од поранешната владејачка Демократска партија.
Во неделата, Уставниот суд го суспендираше претседателот Додон и го назначи за привремен претседател Филип, поранешен премиер од Демократската партија, кој свика предвремени избори.
Одлуката беше одбиена од страна на Парламентот, кој тврди дека Уставниот суд е наклонет кон Демократската партија.