Dmitri Chirciu
14 Август 2019•Ажурирај: 19 Август 2019
МОСКВА (АА) – Бројот на повредени во минатонеделната експлозија, што се случи во магацин за оружје на руската воена единица во градот Ачинск, се зголеми на 40, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на руското Министерство за здравство се истакнува дека во минатонеделната експлозија во градот Ачинск, во областа Краснојарск, повредени се 40 лица и дека сите се префрлени во болница.
Минатата недела се случи експлозија во магацинот за оружје на воената единица во градот Ачинск, при што загина едно лице.
Покрај тоа, исто така, минатата недела пет лица загинаа во експлозијата што настана во воената единица во градот Северодвинск, во регионот на Архангелск, при обид да се тестира ракетен мотор.