Ali Cura
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
КИЕВ (АА) - Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во центарот на главниот град Киев експлодирало возило при што животот го загуби воено лице, полковник, припадник на военото разузнавање на Украина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави министерството се наведува дека во центарот на Киев, на една крстосница експлодира возило, при што животот го загуби полковник Максим Шаповал, припадник на военото разузнавање, дел од Министерството за одбрана на Украина.
Во соопштението се вели дека нападот е оценет како терористички акт.
Министерството истакнува дека продолжува истрагата во врска со случајот.