Ekipa
27 Јуни 2017•Ажурирај: 28 Јуни 2017
МОСУЛ (АА) - Според висок ирачки воен извор, ирачките сили презедоа стратешки реон во западниот дел на областа Стар град во Мосул, од терористичката група ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Антитерористичките единици поврзани со Министерството за одбрана успешно ја ослободија населбата Aл-Фарук во областа Стар град во Мосул“, изјави вчера Абдуламир Јаралах, командант на армиската тековна кампања за ослободување на Мосул.
Сепак, според сознанијата на АА, во областа, судирите меѓу ирачките сили и милитантите на ДЕАШ кои започнаа од пладне, сѐ уште се во тек.
Ирачката армија останува вклучена во големата кампања (започната минатиот октомври), за ослободување на целиот град Мосул, кој терористичката организација ДЕАШ во зазеде во средината на 2014 година.
Во неделата, милитантите на ДЕАШ исто така ги нападнаа и позициите на пешмерга во северозападен Киркук, што доведе до двочасовни судири во областа Кира во Киркук, изјави за АА капетанот на ирачката армија, Камран Махмуд.
Според него, нападите на ДЕАШ се спречени со тоа што неодреден број милитанти биле неутрализирани, а повредени се тројца борци на пешмерга.