Emel Öz Gözellik
05 Декември 2019•Ажурирај: 06 Декември 2019
ВАРШАВА
Во јужниот дел на Полска, во подрачјето Силезја дошло до експлозија на гас. Во експлозијата животот го загубиле 4 лица, а уште 4 се водат како исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Регионалниот гувернер, Јарослав Вјечорек, изјави дека во познатиот скијачки центар во градот Шчирк, експлодирал гас во една трикатна зграда, информирајќи дека спасувачките екипи од под урнатините на зградата извлекле 4 тела, од кои едно на дете.
Вјечорек истакна дека спасувачките екипи се во потрага по уште 4 лица под урнатините на зградата, проценувајќи дека до несреќата дошло поради проток на гас.
Во тек е истрага во врска со несреќата.