Ayşe Doğru
16 Јули 2019•Ажурирај: 21 Јули 2019
ЈАНГОН (АА) - Во епидемијата на свински грип, кој се појави пред еден месец во Мјанмар, починаа 54 лица загинаа, јавува Anadolu Agency (AA).
Пју Пју Аје, одговорен за информации од јавен карактер во Министерството за здравство и спорт, во изјавата за АА истакна дека од вирусот H1N1, познат како свински грип, од втората половина на јуни до денес починале 54 лица.
Истакнувајќи дека Јангон е регион кој најмногу е погоден од епидемијата, Аје рече дека во тоа подрачје има евидентирано 43 смртни случаи.
Тој, исто така истакна дека во регионите Јангон, Сагаинг, Магвај, Баго, Ајејарварди и Мон, од вкупно 671 пациент, кај 274 е откриен вирусот H1N1.
Првиот смртен случај поради болеста беше пријавен на 19 јуни.
Министерството, предупредувајќи ги граѓаните да избегнуваат мешање во поголема маса на луѓе, како и со лица со висока температура, од локалните болници побара брзо да ја изолираат болеста.