Andaç Hongur
27 Август 2020•Ажурирај: 28 Август 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателите на Турција и Соединетите Американски Држави (САД) Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, телефонски разговарале за ситуацијата во Источниот Медитеран и за други регионални и билатерални теми, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција, соопшти дека Ердоган и Трамп разговарале телефонски.
Ердоган повторил дека Турција не е таа која предизвикува нестабилност во Источниот Медитеран.
Турскиот претседател нагласил дека намалувањето на напнатоста е можна со дијалог за што Турција со конкретни чекори покажала дека се залага.
Според соопштението од Белата куќа, Трамп изразил загриженост поади напнатоста помеѓу НАТО сојузниците Турција и Грција и рекол дека решението е можно единствено преку дијалог.