Barış Gündoğan
06 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, критикувајќи го францускиот претседател, Емануел Макрон, во врска со неговите изјави дека „исламот е во криза“, истакна дека напаѓањето на муслиманите станало една од најважните алатки на европските политичари што ја користат за прикривање на нивните неуспеси, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган го истакна ова за време на неговото обраќање на програмата по повод Неделата на џамии и верски службеници во Националниот културен и конгресен центар „Бештепе“ во Анкара.
„Денес во повеќе западни земји расизмот и исламофобијата се штитат од самите држави“, рече Ердоган.
Според него, напаѓањето на муслиманите станало една од најважните алатки на европските политичари, кои ја користат за прикривање на нивните неуспеси.
„Изјавата на Макрон дека „исламот е во криза“ во еден град со мнозинство муслимани е отворена провокација отколку непочитување“, нагласи Ердоган.
Инаку, минатиот петок Макрон го соопшти спорниот план против таканаречениот „исламски сепаратизам“ во земјата.
Во своето обраќање, Макрон тврдеше дека исламот е религија која „доживува криза во целиот свет“.