Mümin Altaş,Ali Kemal Akan,Mehmet Tosun
07 Јули 2022•Ажурирај: 07 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије (Турција) и лидер на владејачката Партија за правда и развој (AK Parti), Реџеп Таип Ердоган, изјави дека е многу важно Народната алијанса да победи на изборите во 2023 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За да не мораме да правиме отстапки околу изградбата на голема и силна Туркије, императив е Народната алијанса да победи на парламентарните избори 2023 година, а ние за претседател“, рече Ердоган во обраќањето на седницата на Партијата АК во Анкара, главниот град на Туркије.
Владејачката Партија за правда и развој (AK Parti) и Партијата на национално движење (MHP), уште претходно, под називот „Народна алијанса“ договорија заеднички настап на претседателските и парламентарните избори.
Ердоган истакна дека изборите во јуни 2023 година се меѓу најважните во поновата историја на Туркије.
„Позицијата до која досега стигнавме, борејќи се против терористичките организации, пучисти, политички и економски противници, толку е важна што ќе го одреди наредниот век на целата држава и нашата нација“, рече турскиот претседател.
Напомена дека досега постои Туркије која сама ја одредува сопствената визија и одлучно презема неопходни чекори во тој правец.
„Постои Туркије која е посветена на своите цели благодарение на силната инфраструктура во сите области, од образованието, здравството, безбедноста, правдата, транспортот, енергетиката, па до урбанистичкото планирање и социјалната поддршка“, истакна Ердоган.
Потсетувајќи на скорешниот Самит на НАТО во Мадрид, Ердоган рече дека сега и ФЕТО е ставена помеѓу терористичките организации.
„ПКК, ЈПГ, ПЈД влегоа во евиденцијата на НАТО, но покрај сето тоа, и ФЕТО е ставено меѓу терористичките организации. ПКК, која до денес беше само во евиденцијата на Европската Унија, повеќе не е само во евиденцијата на Европската Унија. Сега, заедно со неа, и ПЈД/ЈПГ и ФЕТО, кои се терористички организации во вистинска смисла на зборот, ставени се во официјалните евиденции на НАТО“, појасни претседателот на Туркије.
Министрите за надворешни работи на Туркије, Шведска и Финска во Мадрид потпишаа Меморандум за разбирање за процесот на членство на нордиските држави во НАТО. Финска и Шведска, со потпишувањето на договорот ветија дека ќе се реши безбедносната загриженост на Анкара поради нивниот став кон терористичките организации ПКК и ФЕТО, со што го отворија патот за членство кон НАТО.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.