Fatih Hafız Mehmet
16 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
АНКАРА (AA) – Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турците во Европа не се странци и не се „останати", јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган говореше на настан во Женева по повод одбележувањето на 50. годишнина од миграциите на Турците во Швајцарија. Во таа пригода рече дека Турција Турците во Швајцарија и во остатокот од Европа ги гледа како човечки мостови.
Ердоган рече дека поддржуваат еднакво учество на Турците во Швајцарија и во швајцарското општество.
Додаде и дека се спротивставуваат на асимилацијата на Турците, а поддржуваат нивна интеграција.
„Ние не сме странци, дефинитивно не сме „останати" во Европа. Наместо тоа, ние сме домаќини во Европа денес, како што тоа беше и низ историјата", рече Ердоган.
Ердоган претстојува во Женева каде ќе присуствува на Првиот глобален форум за бегалци кој се одржува од 16 до 18 декември.
Ердоган денес се состана со премиерот на Сомалија Хасан Али Кајер и со европските претставници на Унијата на меѓународни демократи.