Mümin Altaş
18 Октомври 2021•Ажурирај: 18 Октомври 2021
ЛУАНДА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја започна официјалната посета на Ангола, каде што се состана со тамошниот колега Жоао Мануел Гонсалвес Луренсо, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Ангола, Луренсо, организираше свечен дочек за турскиот колега Ердоган во Претседателската палата во Лаунда.
По церемонијата на прием и интонирањето на химната, Ердоган и Луренсо го започнаа билатералниот состанок, а најавен е и состанок на проширените делегации на двете земји.
Во делегацијата предводена од Ердоган во посетата на Ангола се и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за трговија, Мехмет Муш, портпаролот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Омер Челик, заменик-претседателот на АК Партијата, Ефкан Ала, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, и портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин.