Abdulkadir Karakaya
16 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Поранешниот француски фудбалски ас Ерик Кантона ја поддржа кампањата за поддршка на Палестинците кои овие денови се изложени на бруталните израелски напади, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед на социјалната мрежа Инстаграм објави своја фотографија во маица со натпис „Hoping for Palestine“ (Надеж за Палестина), а станува збор за маица што невладините организации ја продаваат во рамките на кампањата за поддршка на Палестинците.
На фотографијата е и сопругата на Кантона, Рашида Бракни, а тој откри дека Фондацијата за Палестина собира итна хуманитарна помош за Газа.
Израелските сили од 10 мај изведуваат жестоки напади на блокираниот Појас Газа. Досега во израелските напади на Појасот Газа животот го загубија 181 лице, меѓу нив 52 деца и 31 жена.