Zeynep Hilal Karyağdı
16 Мај 2021•Ажурирај: 17 Мај 2021
ГАЗА
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили изведоа напад врз здравствен центар кој е погоден со два проектила, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека врз објектот на Здравствениот центар причинета е поголема материјална штета и дека таа установа веќе не е во можност да биде во служба на граѓаните.
Палестинските власти ги осудуваат нападите во кои Израел за цел ги има здравствените установи во Појасот Газа.
Од Министерството за здравство во Газа ја повикаа меѓународната заедница итно да реагира и да ги заштити палестинските здравствени установи и персоналот и да го процесуира Израел поради нападите на цивилите и цивилните институции.
Израелските сили од 10 мај изведуваат напади на Појасот Газа, а досега во тие напади животот го загубија најмалку 181 лице, а ранети се 1.225 лица. Меѓу загинатите се 52 деца и 31 жена.