Tezcan Ekizler,İbrahim Uzun
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
АЈДИН/ИЗМИР (АА) - Британскиот гитарист, пејач и композитор, Ерик Клептон, го прекина одморот во летувалиштето Кушадаси, каде што пристигна вчера со луксузната јахта, и со приватен авион ја напушти Турција, наводно поради смртта на неговото куче, јавува Anadolu Agency (AA).
Луксузната јахта на Клептон вчера навечер пристигна во пристаништето во Кушадаси.
Клептон, кој планирал да го посети Ефес и куќата на Дева Марија, ги откажа плановите кога ја дознал веста за смртта на своето куче во Англија.
Британскиот пејач одредено време чекал во Кушадаси за да пристигне неговиот приватен авион. Откако авионот слетал на аеродромот „Аднан Мендерес“ во Измир, ја напуштил јахтата и по копнен пат заминал за Измир.
Клептон, кога влегол во делот на аеродромот од каде што полетуваат приватните авиони, бил придружуван од две службени лица.
Клептон на аеродромот не дал изјава за медиумите, само се поздравил со службените лица што го донеле до аеродромот.
Трите гитари и личните предмети на британскиот пејач, што ги донел во Кушадаси, од страна на службените лице биле пренесени во авионот.
Се истакнува дека, исто така, и луксузната јахта на Клептон ќе го напушти Кушадаси.