Tufan Aktaş
06 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Етиопија и Израел постигнаа договор за соработка во областа на разузнавањето и безбедноста, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на Новинската агенција на Етиопија (ENA), генералниот директор на Националната разузнавачка и безбедносна служба на Етиопија, Демелаш Гебремикаел, и израелскиот заменик-министер за јавна безбедност, Гади Јеваркан, разговарале за начините за соработка помеѓу двете земји.
Страните одлучија заедно да се борат против тероризмот во Рогот на Африка и истовремено да се поддржуваат едни со други во давањето на информации, во трансфер на технологијата и градењето капацитети.
Гебремикаел истакна дека партнерството ќе даде значителен придонес за стабилноста на регионот и дека наскоро ќе биде потпишан билатералниот договор.
Забележително е тоа што дијалогот меѓу двете земји започна по воената операција на сојузната влада против Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF), кој владее со северната провинција Тиграј.
Етиопската федерална Влада по прогласувањето на 6-месечна воена состојба во Тиграј, тројца пензионирани генерали ги повика да се вратат на своите функции. Етиопската федерална Влада одлучи да спроведе воена операција за соборување на локалната власт.
Премиерот Абиј Ахмед објави дека одлучиле да преземат воена акција против Народниот ослободителен фронт Тиграј (TPLF) кој „ги нападна и објави војна“ на единиците на националната Армија.