Emre Aytekin
06 Ноември 2020•Ажурирај: 07 Ноември 2020
АНКАРА
Бројот на лица заразени со коронавирусот (Ковид-19) во светот се искачи на 49 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците достапни на страницата „Worldometer“ покажуваат дека низ целиот свет од Ковид-19 заразени се 49.088.415 лица.
Најмногу случаи на заразени се потврдени во Соединетите Американски Држави (САД). Во САД вирусот е потврден кај 9.926.637 лица.
По САД, според бројот на заразени лица следуваат Индија (8.411.724), Бразил (5.614.258), Русија (1.733.440), Франција (1.601.367), Шпанија (1.365.895), Аргентина (1.217.028), Велика Британија (1.123.197), Колумбија (1.117.977) и Мексико со (949.197).
Од почетокот на епидемијата досега во светот починаа 1.240.618 лица, а оздравеа 35.023.040 лица, претходно заразени со вирусот.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март годинава прогласи глобална пандемија на Ковид-19.