Gökhan Kavak
03 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АДИС АБЕБА (АА) - Владата на Етиопија соопшти дека е постигнат договор со Обединетите нации (ОН) за хуманитарна помош за регионот Тиграј, каде што заврши со воената операција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Билен Сејум, портпаролот на премиерот Абиј Ахмед, информира дека во регионот Тиграј, во рамките на Обединетите нации (ОН) ќе биде испратена хуманитарна помош, која се состои од храна, лекови и шатори.
Сејум исто така наведе дека е постигнат договор меѓу етиопската Влада и ОН за проширување на хуманитарната помош во областа Тиграј.
- Народниот ослободителен фронт „Тиграј“ објави дека војната продолжува -
Етиопската Влада соопшти дека воената операција што ја започна на 4 ноември против бунтовничкиот Народен ослободителен фронт „Тиграј“ (TPLF), по неговите напади врз Федералната армија е завршена за време на викендот по влегувањето на Армијата во главниот град на провинцијата Мекеле.
Од друга страна, Народниот ослободителен фронт „Тиграј“ објави дека војната продолжува на сите фронтови и ја повика Владата да ги повлече сите свои трупи од Тиграј.