Selen Temizer
28 Септември 2021•Ажурирај: 29 Септември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека ги поздравува реформите во Саудиска Арабија, а исто така ја повтори својата загриженост за одредени права и слободи во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Службата за надворешни односи на ЕУ (EEAS), ЕУ и Саудиска Арабија го одржале првиот состанок за Дијалогот за човекови права.
На состанокот, предводен од специјалниот претставник на ЕУ за човекови права, Имон Гилмор, и претседателот на Комисијата за човекови права на Саудиска Арабија, Авад Салих ел Авад, многу прашања разгледани се детално.
На состанокот, претставниците на земјите членки учествуваат како набљудувачи.
Во соопштението се наведува дека ЕУ ги поздравила реформите направени во Саудиска Арабија, особено на социоекономско поле.
Нагласувајќи дека се преземени важни чекори во врска со правата на жените во Саудиска Арабија, се додава: „ЕУ ги охрабри саудиските власти да обезбедат жените да ги уживаат сите човекови права целосно.“
Меѓу другото се наведува дека ЕУ добила информации за планираните судски реформи во земјата и дека ЕУ ја изразила својата загриженост за смртната казна, како и за граѓанските и политичките права, вклучително и слободата на изразување, религија и верување, собирање и здружување.
Се додава дека страните одлучија следниот состанок да се одржи во 2022 година во Саудиска Арабија.