Ömer Tuğrul Çam
21 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, пренесува Агенција (АА).
„Го поздравувам објавениот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас, со што завршува 11-дневниот конфликт. Можноста за мир и безбедност на граѓаните мора да се искористи“, напиша Мишел на Твитер.
Прекинот на огнот со посредство на Египет стапи на сила утринава.
Најмалку 233 Палестинци ги загубија животите, меѓу кои 65 деца и 39 жени, а повеќе од 1.700 лица се повредени во израелските напади врз Појасот Газа кои започнаа на 10 мај, велат палестински извори.