Rabia İclal Turan
05 Август 2020•Ажурирај: 06 Август 2020
АНКАРА
Европската унија испраќа тимови за пребарување и спасување во Бејрут по смртоносната експлозија која се случи на пристаништето во градот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Механизамот на ЕУ за цивилна заштита сега координира итно распоредување на над 100 високо обучени пожарникари, со возила, кучиња и опрема, специјализирани во потрага и спасување во урбана средина“, се вели во соопштението објавено на официјалната веб страница на Европскиот совет.
Европскиот блок кој се состои од 27 земји членки, изрази сочуство до оние кои ги загубија своите насјблиски и понуди целосна поддршка за либанскиот народ.
„Како непосреден прв чекор, механизмот на ЕУ за цивилна заштита е активиран на барање на либанските власти“, се вели во извештајот.
Холандија, Грција и Чешка ќе учествуваат во операциите за пребарување и спасување, додека Франција, Полска и Германија исто така понудија помош.
ЕУ понуди да го активира својот систем за сателитско мапирање за да ја процени штетата преку сателитски слики.
Според најновите податоци кои ги објави Црвениот крст на Либан во експлозијата загинаа најмалку 100, а повредени се 4.000 лица.
По смртноносната експлозија, либанскиот Врховен совет за одбрана во Бејрут прогласи вонредна состојба во период од две недели. Главниот град е прогласен за област на катастрофа како последица на експлозијата.
Експлозијата се случи во чувствително време кога либанската економија се соочува со најлошата криза во последните децении. Исто така, експлозијата се случи неколку дена пред Специјалниот трибунал на ОН за Либан да ја објави својата пресуда за случајот со атентатот врз поранешниот либански премиер Рафик Харири.