Selen Temizer
29 Септември 2021•Ажурирај: 30 Септември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, истакна дека Кина и Европската Унија (ЕУ) имаат несогласувања, но дека тие треба да продолжат да работат заедно, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Кабинетот на Борел, одржан е 11. Состанок за стратешки дијалог ЕУ - Кина.
Борел, кој се состана со кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, истакна дека несогласувањата со Кина продолжуваат, но ЕУ и Кина треба да работат заедно за многу важни прашања и треба да се рестартира Дијалогот ЕУ - Кина за човекови права.
Борел истакна дека се надева дека следниот состанок ќе се одржи пред крајот на годината.
Исто така, во соопштението се наведува дека на состанокот се разговарало и за ситуацијата во автономниот ујгурски регион Сиџијанг и за Хонгконг.
Се додава дека Борел и Ванг Ји ги споделиле интересите и грижата на ЕУ и Кина за регионалната стабилност и за ситуацијата во Мјанмар. Борел на средбата ја спомена потребата за силна координација во врска со Авганистан.
За време на состанокот се дискутира и за индопацифичката стратегија на ЕУ.