Sinan Doğan
29 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
БОГОТА (АА) - Во немирите кои избувнаа во затворот во крајбрежниот град Гвајакил, Еквадор, загинаа 24 затвореници, а 48 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За време на судирите што избиле меѓу ривалските банди во Казнено-поправната установа „Литорал“, на пет затвореници им се отсечени главите, а други се убиени со остри предмети“, се наведува во соопштението на затворските власти.
Во затворот се распоредени голем број полициски и воени единици за да се воспостави ред.
Видеата споделувани на социјалните мрежи покажаа дека многу затвореници се качени на покривот на затворот, а се слушаат и истрели и експлозии.
Локалните медиуми соопштија дека немирите започнале во одделенијата на членовите на бандите Лос Лобос и Тигеронес.
Во јули, претседателот на Еквадор прогласи вонредна состојба во затворите низ земјата откако во судири меѓу ривалските банди загинаа 22 затвореници, а десетици беа повредени.
Околу 38.000 затвореници во моментов издржуваат казни во 60 објекти во Еквадор наменети за 29.000 затвореници, што понекогаш резултира со немири.
На 24 февруари, најмалку 80 затвореници загинаа во немирите што избија паралелно во затворите во три града.