Ekipa
30 Јануари 2018•Ажурирај: 01 Февруари 2018
БРИСЕЛ (АА) - Кармен Вела, европски комесар за заштита на животната средина, предупреди неколку земји-членки дека ќе се соочат со правни мерки ако продолжат да ги игнорираат стандардите за квалитет на воздухот, јавува Anadolu Agency (AA).
Вела изјави дека не може да продолжи со одложување и успорување, посочувајќи дека некои земји сè уште не успеале да ги исполнат обврските утврдени за 2005 и 2010 година.
Предупредувањето на Вела дојде по средбата со претставници на Велика Британија, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Романија, Словачка и Шпанија.
Тој рече дека некои земји предложија нови мерки за исполнување на стандардите за квалитет на воздухот на ЕУ, кои го регулираат нивото на честички од изворите како што се издувните гасови или индустриските постројки. Сепак, на прв поглед таквите мерки се недоволни.
Вела додаде дека земјите-членки треба да поднесат предлози до Европската комисија до крајот на следната недела.