Yusuf Özcan
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Во текот на минатата година зголемен е бројот на туристи кои ја посетија Ајфеловата кула во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Според официјалните податоци на компанијата на Ајфеловата кула, во 2017 година во споредба со истиот период во 2016 година, забележано е зголемување на бројот на туристи за 5,6 отсто, со што бројката достигна до 6,2 милиони посетители.
Извршната директорка на Ен Јаник, рече дека оваа бројка покажува колку сè уште постои голем интерес кај туристите за еден од најважните симболи на Париз.
Ајфеловата кула е симбол на Париз и Франција, и e една од најпосетените туристички локации во светот, кој минатата година привлече над 5,8 милиони посетители.
Од денот кога беше отворена за посетителите, до септември 2009 година, кулата ја посетиле 300 милиони луѓе.
Ајфеловата кула го носи името по Александар Густав Ајфел, инженер кој ја дизајнираше. Таа беше градена од 1887 до 1889 година, а беше претставена на 31 март, 1889 година по повод Светската изложба, со која е одбележана 100. годишнина од Француската револуција.
За посетителите беше отворена на 6 мај истата година. На кулата висока 327 метри, за 26 месеци работеле 3 000 луѓе.