Ekip
27 Јули 2017•Ажурирај: 28 Јули 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија најави нов пакет за итна помош за Грција, како помош во решавањето на бегалската криза во којашто десетици илјади мигранти и бегалци и натаму се заглавени во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Пакетот вреден 209 милиони евра вклучува програма од 151 милион евра, како помош за семејствата бегалци при изнајмувањето простор за сместување во грчките градови, и би им обезбедил пари неопходни за да се преселат од бегалските кампови.
Комисијата соопшти дека новата финансиска инјекција двојно ја зголеми поддршката за Грција дадена поради бегалската криза, што доведе до вкупен износ од 401 милион евра.
Проектот за изнајмено сместување ќе се спроведе во соработка со Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), а ќе бидат обезбедени околу 22.000 единици за сместување.