Ata Ufuk Şeker
31 Мај 2016•Ажурирај: 01 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Официјалните претставници на Европската унија постигнаа договор со надлежните компании, како што се Facebook, Twitter, Microsoft и YouTube, за брзо отстранување на сите содржини што укажуваат на омраза и насилство, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение од Европската комисија се вели дека договорот е постигнат во рамките на создавање нов кодекс на однесување и пристојност на социјалните мрежи и интернетот воопшто.
Според договорот, администрацијата на социјалните мрежи и на интернетот се должни да ги следат содржините на нивните канали и да ги отстрануваат или да го спречат пристапот до содржината што промовира омраза или насилство.
Компаниите ќе ги анализират сите жалби на клиентите и во рок од 24 часа ќе донесат одлука за содржината за која корисниците се жалат.
Целта на новиот кодекс на однесувањето на интернет платформата е да се спречат навредите и омразата меѓу различните верски, расни, етнички и национални групи.
„Интернетот не е полигон за презир и ширење омраза, туку полигон за слободно изразување. Денешниот договор со интернет компаниите е направен во таа насока", рече комесарката за правата на корисниците и потрошувачите Вера Jурова.