Alaattin Doğru
12 Септември 2019•Ажурирај: 12 Септември 2019
ДАКАР (АА) - Во југоисточниот дел на Демократска Република Конго, во близина на езерото Тагањика се случи тешка железничка несреќа во која животот го загубија најмалку 50 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Стив Мбикаји, министер за хуманитарни работи на ДР Конго, преку профилот на социјалните мрежи информираше дека во близина на градот Мајибариди, на подрачјето на Тангањика, воз во 3:00 часот по локално време излетал од шините, по што се превртел.
Министерот Мбикаји соопшти дека според првичните проценки, во несреќата животот го загубиле најмалку 50 лица, а има голем број на повредени. Министерот им упати сочувство на семејствата на загинатите, а на повредените им посака што поскоро заздравување.
Во март во ДР Конго, само во текот на еден месец се случија железнички несреќи во кои учествуваа три карго возови.
Застарените пруги и возови што се користат во железничкиот сообраќај во ДР Конго се причина за сериозни човечки загуби во оваа земја.