АНКАРА (АА)
– Мухамет ТАРХАН
Речиси половината, поточно 46 % од жртвите на трговијата со луѓе низ светот се жени, а 19 % се девојчиња, известува Агенција Анадолија (АА).
Обединетите нации (ОН) во 2013 година со цел заштита на правата на жртвите и подигање на свеста на јавноста, го прогласија 30 јули за Светски ден на борба против трговијата со луѓе.
Жените и девојчињата претставуваат поголем дел од жртвите на трговијата со луѓе, што во светот се нарекува и „модерно ропство“, а која се изразува преку киднапирање, присилно затворање и вработување на жени, деца и мажи поради експлоатација.
Трговијата со луѓе, што претставува кривично дело против правата и слободите, значи „купување и продавање на лица како комерцијална стока без нивна согласност, односно остварување приход од таа личност“.
Иако се проценува дека постојат повеќе од 40 милиони жртви на трговија со луѓе низ светот, сите земји се погодени од трговијата во зависност од дестинацијата, транзитот и земјите на потекло.
Трговијата со луѓе во светот може да види во облик на сексуална експлоатација, работна експлоатација, детски бракови, продажба на деца, присилно просење, служење воена служба од страна на деца и трговија со органи и ткива.
Според информациите што новинарот на АА ги доби од „Глобалниот извештај за трговијата со луѓе 2020“ подготвен од страна на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC) по повод 30 Јули - Денот на борбата против трговијата со луѓе, жртви на трговијата главно се луѓе кои ѝ припаѓаат на ранлива група.
Додека трговијата со луѓе е трет вид криминал преку кој се остварува најголем приход по криумчарењето оружје и трговијата со дрога, организациите на организираниот криминал годишно од оваа трговија остваруваат приход од 150 милијарди долари.
Според извештајот, околу 5 од секои 10 идентификувани жртви низ светот во 2018 година биле жени (46 %) и девојчиња (19 %).
Околу една третина од жртвите се деца. Поради присилна работа особено се загрозени нерегуларните мигранти.
Од обликот на трговија со луѓе низ светот, најчеста е сексуалната експлоатација (59 %), присилната работа (38 %), присилата (6 %), просењето (1,5 %) и други облици на експлоатација.
– Особено се загрозени децата во екстремно сиромашни домаќинства
Трговијата со деца најчесто е насочена кон жртви од екстремно сиромашни домаќинства и нефункционални семејства, или жртви без родителски старател, додека во земјите со ниски приходи, половината од жртвите се деца.
Децата кои живеат во екстремно сиромашни домаќинства се особено загрозени, а децата жртви најчесто се наоѓаат во западна Африка, јужна Азија, Централна Америка и на Карибите.
Во земјите со повисоки приходи, децата се киднапираат главно поради сексуална експлоатација, присилна деликвенција или просење.
Се проценува дека зголемувањето на стапката на невработеност предизвикана од пандемијата на Ковид-19 ќе ја зголеми трговијата со луѓе, особено во земјите кои доживуваат најбрз и најтраен пад на вработеноста.
– Миграциите се користат против жртвите
Ранлива и изложена група луѓе кои се жртви на трговијата со луѓе се и лицата на кои не им е дозволено да работат или да престојуваат во земјата во која се наоѓаат.
Стравот од депортација на нерегуларните мигранти е моќно оружје на трговците со луѓе, кои полесно ги задржуваат овие жртви во услови на експлоатација.
Мигрантите сочинуваат значителен дел од жртвите на трговијата со луѓе низ светот.
Мигрантите сочинуваат 65 % од трговијата со луѓе во западна и јужна Европа, 60 % на Блискиот Исток, 55 % во источна Азија и на Пацификот и 25 % во јужна, централна и источна Европа и Северна Америка.
Трговијата со луѓе поради заточеништво, кој е еден од облиците на трговијата со луѓе, застапен е во сите региони на светот.
Според извештајот, жртвите на трговијата со луѓе поради заточеништво изложени се на различни облици на експлоатација и насилство, вклучувајќи и сексуална, физичка и психичка злоупотреба, што ретко се гледа во другите облици на трговија.
– Профил на трговците со луѓе
Од оние кои се приведени или уапсени, процесуирани или осудени за трговија со луѓе, 67 % се мажи, а 33 % се жени. Многу мал дел од нив се лица помлади од 18 години.