Жителите од зоната на деескалација во Идлиб срдечно ги пречекаа турските сили
Откако турските војници пристигнаа во областа, жителите на Дарат Иза, една од зоните на деескалација, извикуваа слогани за поддршка на Турција и на нејзиниот претседател Реџеп Таип ЕрдоганAli Murat Alhas
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
İdlibАЛЕПО/ ИДЛИБ (АА) - Жителите од зоната на деескалација во сирискиот град Идлиб, срдечно ги пречекаа турските сили кои се распоредија во таа област како поддршка на примирјето, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако турските војници пристигнаа во областа, жителите на Дарат Иза, една од зоните на деескалација, извикуваа слогани за поддршка на Турција и на нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Жителите ги вееја знамињата на Слободната сириска армија (FSA) и извикуваа слогани како: „Сирија и Турција се пријатели“ и „Го сакаме Ердоган“.
„Среќни сме што нашите браќа се тука. Тие овде секако се добредојдени“, изјави еден од жителите за АА.
„Ердоган го претставува човештвото. Проклета да е терористичката организација ПКК“, додаде тој.
Многубројни жители, исто така, се собраа по петочната молитва џума намаз, за да искажат поддршка за турските војници.
„Ви благодариме што го штитите сирискиот народ“, извикуваа насобраните граѓани.
Продолжува прекуграничното распоредување на Турските вооружени сили (ТСК), со цел да се формираат точки за набљудување, за да се следи спроведувањето на прекинот на огнот во областа на зоната на деескалација во Идлиб, Сирија.
Според информациите на новинарите на АА кои се наоѓаат во оваа област, конвојот на турските сили вчера тргна од местото Рејханли, во турската област Хатај, и ја премина границата со Сирија, а моментално се наоѓа во северниот дел на Идлиб.
Во првата фаза, турските сили се распоредени во областа помеѓу Идлиб и гратчето Африн, кое е под контрола на терористичката организација ПКК / ПЈД, а се наоѓа на границата со Турција.
Распоредувањето на силите, коешто се врши во рамките на договорот од Астана, постигнат од страна на земјите-гаранти, Турција, Русија и Иран, постепено ќе продолжи кон југ. Се очекува дека Турските вооружени сили, со распоредувањето единици од северниот кон јужниот дел на Идлиб, во наредниот период постепено ќе формираат точки за набљудување во над 10 региони.
Единиците на ТСК, кои дејствуваат во рамките на Контролните сили за намалување на тензиите, ќе бидат распоредени во согласност со договорот постигнат претходно оваа година, во казахстанскиот град Астана. Инаку, Контролните сили за намалување на тензиите се составени од единици на Турција, Русија и на Иран, односно од земјите-гаранти за прекин на конфликтот во Идлиб.
Турските единици ќе формираат „точки на набљудување“ во внатрешноста на Идлиб, а руските сили во периферните делови.
Распоредувањето на турските сили во областа Идлиб се врши во координација со единиците на Слободната сириска армија (FSA).