Barış Seçkin
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
РИМ (АА) - Во водите на Медитеранот, недалеку од Либија, спасени се 606 мигранти, вклучувајќи повеќе од 240 деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Големиот број мигранти спасени во последните 36 часа, беа префрлени во италијанскиот град Палермо. Спроведени се седум одделни акции, при што беа спасени 606 мигранти. Меѓу нив има 241 дете. Повеќето се неухранети или имаат рана од оружје.
Валерија Каландра од СОС Медитеран проценува дека хуманитарната криза во Медитеранот е влошена. Таа истакна дека овие луѓе бегаат од насилствата и несигурноста во Либија.
„Поради тоа што нема безбедна алтернатива, тие избираат да го преминат најсмртоносното море во светот“, додава Каландра.