Ahmet Dursun
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Жените во Иран, на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографии додека возат велосипеди, како реакција на верскиот пропис (фетва) од страна на верскиот лидер ајатолахот Али Хаменеи, јавува Anadolu Agency (AA).
Забраната за користење велосипеди во јавност за жените во Иран, предизвика низа реакции.
Иранските жени на своите профили на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер и Инстаграм, споделуваат фотографии додека возат велосипеди, во знак на протест против забраната којашто е донесена од страна на верскиот лидер Хаменеи, со образложение дека тоа е закана за женската невиност. Тие исто така, упатуваат апел до сите жени во државата да ја поддржат оваа иницијатива.
На официјалната веб-страница (leader.ir), на верскиот лидер Хаменеи, во понеделникот беше објавен верски пропис (фетва), која гласи: „Возењето велосипед од страна на жени на јавни места е арам, бидејќи тоа задира во нивната невиност“.
Во Иран, највисокиот авторитет го има верскиот лидер. Верските прописи (фетви) што тој ги носи, де факто стануваат правосилни.