Zekeriya el-Kemali,Said İbicioğlu
22 Септември 2016•Ажурирај: 22 Септември 2016
САНА (АА) – ЗЕКЕРИЈА ЕЛ-КЕМАЛИ –
Изминаа две години од заземањето на главниот град на Јемен од страна на Хусите. Во земјата продолжува граѓанската војна, во која досега загинаа 6.600 лица, а околу 3 милиони лица беа принудени да ги напуштат своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Хусите на 21 септември 2014 година го заземаа главниот град Сана и оттогаш овој датум го слават како „годишнина од револуцијата“. Во главниот град и во останатите градови кои се под контрола на Хусите, денеска е „официјален“ неработен ден, додека владата и нејзините сојузници овој датум го опишуваат како „ден на земјата“.
- Економијата се движи во лоша насока -
Долг период во Јемен постои политичка нестабилност, која со почетокот на граѓанската војна е причина економијата во земјата да оди на полошо. Јеменскиот ријал ја загуби својата вредност наспроти американскиот долар. Пред окупацијата, односот долар-ријал беше 1 : 215, додека по окупацијата тој изнесува 1 : 310.
Откако Хусите ја заземаа Централната банка во Сана, владата ги обвини дека ги испразниле девизните резерви, и од 4 милијарди долари, резервите биле намалени на 1 милијарда и 100 милиони долари. За да не се случи дополнително повлекување на пари и зголемување на локалниот долг, владата донесе одлука да го смени претседателот на Централната банка и привремено банката да ја префрли во Аден.
Околу префрлањето на банката, одговорен на владата за дописникот на АА изјави дека не се размислува за понатамошно враќање на банката и додаде дека во иднина е можна економска војна меѓу Хусите и владата.
- Владата на Јемен го контролира Аден, Хусите ја контролираат Сана -
Владата на Јемен во државата има контрола врз Аден, Ебјан, Лахиџ, ед-Дали, Шебве, Хадрамевт, Махра, Сокатра и делумна контрола врз Мариб Џефт и Таиз. Хусите го контролираат градот Сана и подрачјата на северот од земјата.
- Нема промени во наставната програма -
На полето од образованието нема некакви промени од двете страни. Наставата се одржува според старите учебници и наставната програма што се спроведувала и во претходните години.
Покрај тоа, Хусите, по окупацијата на Сана, ги преземаа државните институции, како што се Јеменската државна телевизија, Јеменската официјална информативна агенција, Револуционерскиот весник и радиото Сана и со нивна помош вршат сопствена пропаганда.
Со окупацијата на главниот град Сана, и градовите Амран и Худејде, Хусите заземаа стратегија за експанзија од северот кој југот. Во различни градови од земјата продолжуваат борбите меѓу Хусите и нивните поддржувачи, силите на соборениот лидер Али Абдула Салих против провладините групи. Поради борбите, илјадници лица ги загубија животите и илјадници се ранети. Околу 21 милион граѓани на Јемен имаат потреба од хуманитарна помош.