Adam Abu-bashal
21 Јуни 2021•Ажурирај: 22 Јуни 2021
АБУЏА (АА) - Во 700 различни терористички напади во западноафриканските земји извршени минатата година животот го загубија 2.000 лица, вклучително и војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жан-Клод Каси Бру, претседател на Комисијата на Економската заедница на државите од Западна Африка (ECOWAS), рече дека терористите продолжуваат да ја загрозуваат стабилноста на регионот.
Подвлекувајќи дека најголемите проблеми во регионот на државите од Западна Африка се безбедносните, Бру рече: „И покрај значителните напори на земјите членки (ЕКОВАС) во 2020 година имаше 700 различни терористички напади, а во тие напади животот го загубија 2.000 лица, меѓу кои војници и цивили.“
Истакнувајќи дека нападите се извршени претежно во Буркина Фасо, Мали, Нигер и Нигерија, Бру рече дека се зголемил бројот на раселени лица во регионот.
Меѓу другото, Бру ги повика лидерите да вложат повеќе напори за да се стави крај на терористичките напади во регионот.