АНАКРА (АА) - Во вооружените терористички напади извршени врз две џамии во интервал од 10 минути во текот на петочната молитва во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, животот го загубија 49 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, на прес-кофнеренција истакна дека нападите извршени врз две џамии во градот Крајстчерч во 13:40 и 13:50 часот по локално време, се терористички напади.
Ардерн рече дека нивото на закана е зголемено на високо ниво, а ниту еден од терористите што го извршиле нападот не бил на листата за следење од безбедносните единици.

Во терористичките напади загинаа 49 лица. Медицинските служби во Крајстчерч истакнаа дека 48 повредени лица се лекуваат во локалната болница.
Терористите во своите профили објавиле снимки во кои се забележува дека масакрот го пренеле во живо, отвориле оган додека влегле во џамијата, и погодиле се што е во движење.
Во снимките се забележува дека терористите чести ги менувале своите оружја и шаржери, додека во снимките снимени пред масакрот се забележува дека слушале екстремно десничарски и расистички музики. Тие на социјалните мрежи објавиле расистички и антимуслимански изрази.
- Манифест на омраза од десетици страници
Откриено е дека на еден профил на социјалните мрежи за кој се претпоставува дека му припаѓа на австралискиот државјанин, Брентон Тарант, кој ја презеде одговорноста на нападот, е објавен манифест од десетици страници на кои постојат антимигрантски и антисиламски изјави.
Терористот кој ја нападна џамијата, во манифестот на омраза упатил закана против Турција, во која напишал: „Ќе ве убиеме доколку ќе се обидете да преминете во европските територии (западниот дел на босфорот во Истанбул), и доколку се обидете да дојдете во западната страна на босфорот“.
Во снимките објавени на социјалните мрежи во врска со терористичкиот напад, се забележува дека на оружјата за кои се тврди дека им припаѓаат на терористите, пишува датуми на војните на Европа против Муслиманите во минатото, имињата на западните фигури кои учествувале на овие војни, како и пронацистички и антиисламски изрази.
- Турскиот претседател Ердоган бил листата за атентати на овој терорист
На листата за атентати која се наоѓа во манифестот за омраза на овој терористи кој извшри напад врз џамијата, се наоѓаат имиња како различни лица, меѓу кои турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, германската канцеларка, Ангела Меркел, градоначалникот на Лондон, Садик Кан.
Терористот во манифестот во врска со Ердоган напишал дека „тој е непријател на нашите луѓе и е лидер на најголемата исламска група во Европа“, додека Турците кои живеат во Европа ги опиша како „етнички непријатели“.
- „Терористичките напад кој е детално планиран“
Премиерката Ардерн нагласи дека ова е терористички напад кој е детално планиран, и дека во возилата на терористите се наоѓале рачно изработени експлозиви кои биле неутрализирани од страна на безбедносните сили.
Ардерн информираше дека четири лица се приведени во врска со терористичките напади, од кои еден е државјанин на Австралија.
„Ќе ве замолам да не ги споделиме снимките во врска со овој настан со насилство и омраза кои го извршија фанатиците. Овој напад на омраза не не одразува нас. Ние не сме тоа. Ние како народ во целост го негираме овој настан на омраза и насилство“, рече Ардерн.
Од друга страна, премиерот на Австралија, Скот Морисон, потврди дека еден од сторителите на терористичкиот напад е државјанин на Австралија.
Полицијата во Нов Зеланд соопшти дека во врска со терористичкиот напад се приведени четири лица, меѓу кои една жена.
- „Ги осудуваме екстремно десничарските терористички напади“
Премиерот на Австралија Морисон на Твитер напиша дека бил шокиран од овој напад.
„Ние денес ги осудуваме нападите извршени од страна на проектремист и екстремно десничарски терорист. Австралија и Нов Зеланд не се само сојузници и партнери, туку ние сме семејство, и заедно со нашите братучеди од Нов Зеланд како семејство сме во жалост, во шок, и лути“, истакна Морисон во изјава за медиумите.
Полицискиот началник на Нов Зеланд, Мајк Буш, по нападите извршени во џамијата Нур во подрачјето на Хагли Парк, и џамијата во Линвуд кои се наоѓаат Крајстчерч , упати предупредување за затворање на вратите на сите џамии во земјата.