Şerife Çetin
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
БРИСЕЛ (АА) - Началниците на генералштабовите на 29 земји членки на НАТО се состанаа во белгискиот главен град, Брисел, со цел да разговараат за важните теми во агендата на оваа алијанса, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот што започна во седиштето на НАТО ќе се разговара за воената стратегија на Алијансата, одвраќањето и одбраната, безбедносната состојба во Украина, како и за настаните околу врските меѓу партнерите во рамки на Медитеранскиот дијалог.
Состанокот е предводен од претседателот на Воениот комитет, генералот Стјуарт Пич, а Турција ја претставува началникот на Генералштабот на Турција, генерал Јашар Ѓулер.
Состаноците на ниво на началници на генералштабовите на армиите на земјите членки на Алијансата годишно се одржуваат два пати во главното седиште во Брисел, и еднаш во некоја земја членка.
На овие состаноци се разговара за глобалните безбедносни предизвици, операциите и мисиите на НАТО, како и за други теми.