Mustafa Deveci
19 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, искажувајќи дека израелската Армија има „огромна деструктивна моќ“, затскриено, покрај Иран, ги предупреди Хамас и Хезболах, пренесува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху, во изјавата по вежбата на израелската Армија во северниот дел на земјата, без да ги именува ги нападна Иран, Хамас и Хезболах.
Алудирајќи на Иран, Хамас и Хезболах, Нетанјаху рече: „Слушам дека нашите соседи на север, југ и исток се закануваат дека ќе нè уништат. На нашите непријатели им го велам следното: Израелската Армија има огромна деструктивна моќ. Не нè тестирајте“.
Иран и претставници на Хезболах од време на време, поради зголемената напнатост во регионот, даваат изјави од типот „Израел ќе го избришеме од картата“. Тие изјави пак, се објавуваат во меѓународните медиуми.