Adham Kako
19 Јуни 2019•Ажурирај: 20 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Сириската организација за вистината и правдата соопшти дека режимот на Башар ал Асад, од почетокот на оваа година ги информирал Одделенијата за население дека најмалку 700 лица умреле во затворите во провинцијата Хама, од вкупниот број лица кои биле приведени или пак, чија судбина сè уште не е позната, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот објавен од Сириската организација за вистина и правда, режимот на Башар ал Асад, од почетокот на оваа година ги информирал Одделенијата за население дека најмалку 700 лица умреле во затворите во провинцијата Хама.
Во извештајот се наведува дека Одделенијата за население постепено ги споделувале информациите со семејствата на починатите. Исто така, во извештајот се истакнува дека режимот не ги испраќал телата на убиените кај нивните семејства.
Сириската мрежа за човекови права (СНХР), во својот извештај од 30 април, објави дека од мај 2018 година, режимот на Асад ги информирал Одделенијата за население дека 890 лица починале по затворите, од 100 илјади притворени и лица чија судбина сè уште не е позната.
Во извештајот на СНХР се истакнува дека четворица од нив се лицата за кои меѓународната јавност во 2014 година беше запозната преку Anadolu Agency (AA), која ги објави фотографиите за тортурата во Сирија, фотографирани од воениот полицаец со кодно име „Цезар“.