Burç Eruygur
25 Јануари 2023•Ажурирај: 28 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Во екот на големата реконструкција на Владата по обвинувањата за корупција, украинскиот претседател Владимир Зеленски ја истакна потребата од изградба на силна национална држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Општеството денеска виде донесени уште еден сет кадровски одлуки. Нагласувам „уште еден“. Ќе продолжиме да преземаме соодветни чекори, јавноста ќе го види секој од нив и, сигурен сум, ќе ги поддржи“, рече Зеленски во видеообраќањето синоќа.
Зеленски истакна дека се отстрануваат блокадите на патот за функционирање на Владата.
„Тоа е неопходно за одбрана на земјата и нејзино приближување до европските институции“, додаде тој.
„Потребна ни е силна земја, а Украина ќе биде токму тоа. И денеска со моја уредба ставив во сила уште една одлука на Советот за национална безбедност и одбрана. Деталите ќе следуваат подоцна“, рече тој.
Неколку високи украински функционери поднесоа оставки или беа отпуштени на 24 јануари, откако претседателот Зеленски вети дека ќе ја искорени корупцијата во неговата администрација.