Dmitri Chirciu
25 Јануари 2023•Ажурирај: 25 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Руската армија изведе вежба со хиперсонична ракета „Циркон“ во Атлантскиот Океан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Русија соопшти „Како дел од флотата на Руската Федерација, фрегатата „Адмирал Горшков“ која дејствува во западниот дел на Атлантскиот Океан, употреби хиперсонична ракета „Циркон“ за лажен напад врз поморска цел на оддалеченост од 900 километри.“
Во соопштението се наведува дека екипажот на фрегатата обезбедил високо ниво на координација во рамките на вежбата.
- „Циркон“ -
Руската армија хиперсоничната крстосувачка ракета „Циркон“ ја тестира во Баренцовото Море во 2022 година.
Руското Министерство за одбрана објави дека ракетата „Циркон“ за првпат била тестирана од брод во 2021 година.
Ракетата „Циркон“, која е меѓу новите хиперсонични оружја што рускиот претседател Владимир Путин ги воведе во 2018 година, може да се движи со брзина и до 10 пати поголема од брзината на звукот и има домет од 1.000 до 2.000 километри.